Насловна / Вести / „Ново Косово“ ќе го гради американска фирма

„Ново Косово“ ќе го гради американска фирма

Termocentrala Kosovo B

Американската компанија „Контрур глобал“ (Contrur Global) ќе ја гради термоцентралата „Ново Косово“ (Косова е Ре) инвестиција вредна милијарда евра.

Косовскиот министер за економски развој Блеранд Ставилеци и претставникот на компнијата, Гери Левесли, во Приштина потпишале меморандум за разбирање за изградба на ТЕ „Ново Косово“, со капацитет за производство на 500 мегавати.

Косовскиот премиер Иса Мустафа, кој присуствуваше на свечената церемонија на потпишување на документот, оцени дека ова е еден голем ден бидејќи „почнува многу значајна инвестиција за Косово, која ќе обезбеди ресурси за развој и стабилна снабденост со електрична енергија“.

– Ова е најголема инвестиција во Косово по војната. Фактот дека станува збор за приватен инвеститор од САД има посебно значење бидејќи ја поврдува доверата на САД и приватните инвеститори. Големо значење има и поради фактот што на овој начин се менува економската структура а се зголемува и нивото на директните странски инвестиции во Косово, изјави Мустафа.

Извршниот директор на компанијата за југоисточна Европа, Левесли, изјави дека изгрдбата треба да заврши 2020/2021 година, оти во перидот на градба ќе бидат анажирани неколку илјади лица, а со ставањето во погон постојана работа во ТЕ ќе обезбедат најмалку 400 лица. 

 

Испрати коментар

Scroll To Top