Насловна / Архитектура / Ново футуристичко седиште на Lucasfilm во Сингапур

Ново футуристичко седиште на Lucasfilm во Сингапур

lukasfilm singapur_3

Архитектонското биро Aedas неодамна ја заврши изградбата на новото седиште на компанијата Lucasfilm во Сингапур – резултатот е сличен на огромното стаклено возило (т.н. Sandcrawlew) од познатата серија „Војна на ѕвездите“.

Проектирана од  Andry Bromberg, зградата ќе функционира како седиште на компанијата, The Walt Disney Company во југоисточна Азија и ќе се обезбеди оптимално работен простор за тимовите на аниматори.

lukasfilm singapur_1

Насловена како Sandcrawler (по огромната мобилна тврдина која ја користеле џавите во познатата филмска серија), зградата е „облечена“ во повеќеслоевита стаклена фасада, која овозможува пробив на природна светлина во внатрешноста, со ограничување на сончевото загревање.

Слојот на стаклото со ниска содржина на железо се наоѓа на врвот на порозниот метален слој – ова му дава на зграда хромиран изглед гледано од надвор а во исто време обезбедува доволно транспарентност за оптимално количество на дневна светлина.lukasfilm singapur_2

Заоблениот волумен на објектот крие голем двор на градина обраснат со бујна вегетација што создава егзотична атмосфера погодна за креативното студио. Густите лисја го анимираат стаклениот екстериер и создаваат полу-јавен простор, кој речиси личи на филмски сет. Со цел да се создаде повисоко ниво на приватноста, целата зграда е подигната од земја.

lukasfilm singapur_4

Испрати коментар

Scroll To Top