Насловна / Екологија / Новите термоцентрали во регионот во конфликт со ЕУ директивите?

Новите термоцентрали во регионот во конфликт со ЕУ директивите?

82289789
Новите термоцентрали на јаглен во регионот, одобрени од Енергетската заедница, ризикуваат кршење на ограничувањата на ЕУ во поглед на загадувањето на воздухот. Членките на ЕУ имаат обврска од 2018 година да ги почитуваат одредбите на европскиот закон за индустриска емисија на загадувањето, но, најверојатно за термоцентралите „Колубара Б“ во Србија, „Плевља 2“ во Црна Гора, и „Тузла 7“, „Станари“ и „Бановиќи“ во БиХ  тоа ќе биде премногу амбизиозна цел.

Стручњаците истакнуваат дека технологијата во овие термоцентрали ќе мора да се адаптира во последен момент, што ќе предизвика дополнителни трошоци за инвеститорите, како и за потрошувачите на електрична енергија.

Договорот на земјите членки на Енергетската заедница од октомври 2013-та, ги обврзува земјите од Западен Балкан, Молдавија и Украина, од 1 јануари 2018 година да го почитуваат поглавјето III на ЕУ Директивата за индустриска емисија.

Испрати коментар

Scroll To Top