Насловна / Архитектура / Новиот терминал на аеродромот во Женева ефикасно спојува користење на соларна и геотермална енергија

Новиот терминал на аеродромот во Женева ефикасно спојува користење на соларна и геотермална енергија

Низ историјата на светот, највпечатливите градби вообичаено биле и најголемите. Во опкружување кое е под постојана закана од климатските промени, денес архитектите посегнуваат по една нова перспектива во проектирањето – најефикасни градби. Еден од најдобрите примери за „зелено“ проектирање и „зелено“ инженерство е новиот терминал на аеродромот во Женева, кој се простира на површина од 40.000 метри квадратни.

geneve1

geneve2

geneve3

Aile Est du Genève Aéroport, односно Источното крило на аеродромот, претходно бил класичен терминал од 70-тите години на минатиот век, кој немал многу да понуди. Неговата реконструкција во времетраење од една деценија, со копање на геотермални извори за ефикасно ладење донесе драматична промена – и естетски и суштински. Станува збор за енергетски позитивна згрда (генерира повеќе енергија отколку што троши), која потсетува на паралелограм и има стаклена фасада наклонета под извесен агол со цел максимално искористување на природната светлина. Користено е тројно стакло со што се формира добра термичка заштита.

geneve4

geneve5

geneve6

 

На покривот се поставени 7000 метри квадратни фотоволтаици, а геотермалните бушотини ќе овозможат ефикасно пасивно ладење на објектот. Посебно внимание е посветено на елиминирање на топлинските мостови, а инсталирано е ЛЕД осветлување со многу осетливи системи на регулација, како  и систем за собирање и реупотреба на дождовницата. Со својот колоритен и „жив“ ентериер, објектот уште повеќе придонесува за епитетот „еколошки свесна архитектура“ која е преточена во реалност. Проектот за реконструкцијата е дело на Rogers Stirk Harbour + Partners.

geneve7

geneve8

Geneva International Airport - Aile Est

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top