Насловна / Вести / Новиот изглед на аеродромот Плесо во Загреб

Новиот изглед на аеродромот Плесо во Загреб

aerodrom pleso zagreb3
Аеродромот во Загреб наскоро ќе добие нов модерен лик како резултат на проектот за ревитализација во вкупна вредност од 331 милиони евра. Новиот патнички терминал ќе се простира на површина од 65.000 m2. Конструкцијата на терминалот  е речиси целосно готова, а до крајот на годината ќе треба да биде и целосно застаклена.

aerodrom pleso zagreb2

Останата инфраструктура, односно патеки, пристапни улици и вијадукти би требало да се завршат до пролет идната година. На крајот на 2016 се очекува и употребната дозвола за „новиот“ аеродром. Наместо досегашните два милиони, аеродромот ќе има капацитет за пет милиони патници, како и вкупно 10 авиомостови.

aerodrom pleso zagreb1

Концесионер на аеродромот Плесо е француската компанија ZAIC која го предводи и Aéroports de Paris Management. За време на концесијата од 30 години, освен оваа инвестиција ZAIC има обврска да му исплати на Град Загреб и фиксен надомест од 87 милиони евра.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top