Насловна / Арт и дизајн / Новиот Galaxy S21 Ultra ги обедини легендите на британската уметничка сцена

Новиот Galaxy S21 Ultra ги обедини легендите на британската уметничка сцена

Компанијата Samsung Electronics претстави галерија дела на легендарниот британски фотограф Rankin, целосно снимени со новиот смартфон Samsung Galaxy S21 Ultra. Во соработка со британската рап уметница, пеачка и текстописец Stefflon Don, Samsung и Rankin им оддадоа почит на култните женски музичари од 80-тите години на минатиот век, кои ги инспирираа денешните музички sвезди, радикално ја сменија културата и го отворија патот за новата генерација визионери.

1_resize

Комбинирајќи го духот на осумдесеттите со моќната енергија на социјални мрежи, Rankin и Stefflon Don си поиграа со оваа легендарна ера, создавајќи фотографии и видеа за Инстаграм и ТикТок. Боите, стилот и естетиката на содржината се целосно трансформирани со помош на леќата на камерата на телефонот Samsung Galaxy S21 Ultra. Како уред што ги поместува границите на смартфонот, S21 Ultra им овозможи на Rankin и Stefflon Don да достигнат ново ниво на креативност и изразување и да ги споделат со публиката на социјалните мрежи.

2_resize

Овој вид медиуми создаде нова уметничка форма, па така цела генерација на корисници на социјални мрежи се посветени на создавање, споделување и прегледување содржини на нивните мобилни уреди, а Rankin со овој проект се приклучи на овој растечки тренд.

4_resize

„Составен дел од мојот креативен процес е истражување на нови техники и методи за создавање на револуционерни содржини. Работејќи со Stefflon, Samsung и телефонот Galaxy S21 Ultra, успеав да разбудам во себе нов вид креативност, притоа останувајќи верен на себе и својата естетика. Го работев тоа што го сакам и тоа целосно на смартфон – креирање, снимање, уредување на содржини погодни за социјалните мрежи, на начин кој ја промени мојата работа надвор од она што мислев дека е можно “, вели Rankin.

5_resize

* * *

Rankin е британски фотограф, издавач и филмски режисер. Неговото портфолио вклучува сè, од портрети до документарни филмови, а некои од имињата со кои работел се бендовите The Rolling Stones и The Queen, Дејвид Боуви, Кејт Мос и многу други.

3_resize

Rankin, заедно со Jefferson Hack, го започнаа списанието Dazed & Confused во 1992 година, а помеѓу други публикации се AnOther, AnOther Man, печатено и дигитално издание посветено на модата ​​и популарната култура, како и повеќе од 40 книги. Неговите дела се објавени насекаде – од неговите публикации, до списанијата „Elle“, „Vogue“, „Esquire“, „GQ“, „Rolling Stone“ и „Wonderland“, а изложувал во галерии ширум светот, вклучително и во Музејот „MoMA“ во Њујорк и Victoria and Albert Museum во Лондон. Како режисер, креирал кампањи за Nike, L’Oreal, Dove, Pantene, Diageo, Women’s Aid i Comic Relief.

6_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top