Насловна / Вести / Нови сместувачки капацитети во домот „Стив Наумов“

Нови сместувачки капацитети во домот „Стив Наумов“

studentski dom stiv naumov

На местото на старите бараки во студентскиот дом „Стив Наумов“ сега има осум блокови, со капацитет од околу 140 места.
Четири од новите павилјони се со по 10 соби, а останатите со 16. Во секоја од бараките има и соби за лица со посебни потреби.
Министерот за образование Спиро Ристовски вчера изјави дека објектите се изградени по највисоки стандарди. Постои можност и за надградба во делот на сместувачките капацитети. Новиот оглас ќе биде во октомври.
Ристовски најави дека е завршено и поднесувањето понуди за првата фаза од реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ и наредниве денови ќе се одржи електронска аукција по што ќе почне првата фаза од реконструкцијата.
За студентскиот дом „Невена Ѓорѓиева- Дуња“, познат како „Медицинар“, засега има проектен план.

Испрати коментар

Scroll To Top