Насловна / Вести / Нови 26 енергетско-ефикасни фасади во општина Центар

Нови 26 енергетско-ефикасни фасади во општина Центар

Од Општина Центар соопштуваат дека ќе отпочнат со проектот за обновени енергетско-ефикасни фасади. Од општината велат „Новите фасади ќе го задржат автентичниот изглед на зградите и боите за кои последниот збор ќе го имаат жителите. Фасадирањето ќе биде на целата зграда, и не со барок туку енергетско-ефикасни фасади кои ќе значат голема финансиска заштеда за семејниот буџет. По реконструкцијата, заштедите на сметките за топлинска енергија ќе бидат намалени за една третина.На огласот, кој го објави општина Центар, беа поднесени вкупно 65 пријави, а Комисијата донесе одлука во првата фаза да влезат 26 станбени објекти врз основа на исполнети услови и критериуми“.
Адресите на предвидените за реконструкција згради можат да се видат на сајт на општината.

ццц
Од општината додаваат „За станбените згради кои се одбрани во првата фаза од Јавниот повик во следниот период ќе се изготвува проектна документација и во зависност од целокупната прибавена документација ќе се отпочне со реконструкција на фасадите по тој редослед. Овие згради се планира да се реконструираат во период од две години.
Проектот ќе биде поддржан со финансиски средства од буџетот на Општина Центар, во висина од 70% од вкупниот износ од вредноста на енергетски ефикасната фасада на станбената зграда за колективно домување за секоја одобрена апликација, поднесена од заедница на станари или од мнозинството сопственици на посебните делови од станбената зграда апликант.
Ако во семејство кое живее во колективната станбена зграда која е избрана за реконструкција на фасада има социјален случај или лице со посебни потреби, врз основа на документ со кој ќе се докаже тоа, Општина Центар ќе го финансира неговиот дел при финансирање за реконструкција.
Сопствениците на посебни делови преку кредитирање или во готово ќе ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 30% од вкупниот износ од вредноста на енергетски ефикасната фасада.
Предуслов за отпочнување на реконструкција на фасада е да бидат уплатени средства во висина од 30% од вкупниот износ од вредноста на енергетски ефикасната фасада на жиро сметка на Општина Центар“.

Испрати коментар

Scroll To Top