Насловна / Вести / Проект за финансиска поддршка за поправка на кровoви и лифтови во Центар

Проект за финансиска поддршка за поправка на кровoви и лифтови во Центар

Општина Центар почнува со реализација на проектот за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови на станбените згради.центар

На јавниот повик беа поднесени вкупно 51 пријава. Комисијата донесе одлука за избор на 10 станбени објекти кои ги исполнуваат условите за финансиска помош за санација на лифтови и 16 станбени објекти за финансиска помош за санација и поправка на покриви.

Проектот ќе биде поддржан со финансиски средства од буџетот на Општина Центар, во висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000 денари, за реконструкција на постоечки кровни конструкции и висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 300.000 денари за поправка и санација на лифтови за секоја одобрена апликација.

Сопствениците на посебни делови преку кредитирање или во готово ќе ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 70% од вкупниот износ од вредноста за реконструкција на постоечки покривни конструкции и поправка и санација на лифтови.

Испрати коментар

Scroll To Top