Насловна / Вести / Новата термоцентрала во БиХ, наскоро на мрежа

Новата термоцентрала во БиХ, наскоро на мрежа

termocentrala stanari_bosniahertzegovina

Во термоцентралата „Станари“ во Босна и Херцеговина, во тек е тестирањето на различните подсистеми, вклучувајќи и пробна работа на парогенераторот со работни параметри, по што најдоцна за еден месец ќе бидат произведени првите киловатчасови електрична енергија.

Termo centrala Stanari BiH
Во мај 2010 година потпишан е договор за изградба на термоцентралата „Станари“ со кинеска компанија како изведувач, и со кредит обезбеден од Кинеската развојна банка. Инсталираниот капацитет на централата е 300 MW, со планирано годишно производство од 2.000 GWh, како online casino и годишна потрошувачка на јаглен од 2,3 милиони тони.

Termocentrala stanari BiH

По завршувањето на изградбата, термоцентралата ќе вработува 850 луѓе. Тоа ќе биде првата термоцентрала во Југоисточна Европа која ќе работи според сите технолошки и еко-стандарди на ЕУ, и нема да има опасност од загадување на пошироката околина.

Под името „ЕФТ Рудник и термоцентрала Станари“, компанијата работи уште од јануари 2008 година. Вкупната вредност на проектот е над 560.000.000 евра, во која се вклучени не само изградбата на термоцентралата туку и развој на рудникот до потребниот капацитет.

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top