Насловна / Архитектура / Новата Sport-Arena Wien со одржливите технологии на AluKönigStahl

Новата Sport-Arena Wien со одржливите технологии на AluKönigStahl

Новата Sport-Arena Wien, сместена меѓу Дунав, Пратерот и стадионот „Ернст Хапел“, е спортски објект кој покажува како современата архитектура, одржливите технологии и висококвалитетните решенија можат успешно да се комбинираат. На повеќе нивоа, зградата обединува три големи сали и вкупно 13.000 m² спортски површини – архитектонски концепт кој, и покрај намалената зафатеност на парцелата, го утројува искористливиот простор и овозможува околу 38.000 часа годишна експлоатација.
Алуминиумската конструкција игра централна улога во постигнувањето на транспарентниот и отворен изглед на арената. Обвивната столбно-гредна фасада, изведена со алуминиумски системи од портфолиото на AlunigStahl и реализирана од Metallica Stahl- und Fassadentechnik, создава светли внатрешни простори, висока флексибилност и целосна можност за рециклирање. Системите на Schüco и Jansen обезбедуваат прецизно изведени врати и фасадни елементи.
Истовремено, спортската арена става силен акцент на енергетската самостојност и климатската ефикасност: еден од најголемите PVT-системи во Европа, топлински пумпи, активација на градежни елементи и 95% степен на повторна употреба на градежниот отпад, ја претвораат зградата во впечатлив пример за одржлива урбана инфраструктура.
Виенската спортска арена покажува како алуминиумските конструкции не само што овозможуваат висок архитектонски квалитет, туку и активно придонесуваат за обликување на одржливи урбани простори – функционални, флексибилни и доследно промислени.
*Комерцијален текст

Испрати коментар

Scroll To Top