Бугарија, заедно со Полска и Чешка, се меѓу ретките земји членки на ЕУ, во кои сеуште најмалку 20% од електричната енергија се произведува од јаглен. Но ситуацијата брзо се менува. Во Бугарија неодамна е приклучен на мрежа еден од најголемите батериски системи за складирање енергија (BESS) во источна Европа. Постројката е во кругот на термоелектраната на јаглен ContourGlobal Maritsa East 3 (Марица Исток 3), а употребен е приклучокот на мрежа од два претходно исклучени блока.

Во оваа термоелектрана, во погон остануваат уште два блока, но тие произведуваат само во текот на високата побарувачка од енергија. ContourGlobal држи 73% од оваа термоелектрана, а остатокот го поседува државното електростопанство НЕК ЕАД.
BESS има 202MW оперативна моќност во траење до два и пол часа, односно има капацитет од 500MWh. Постројката е активна на националниот берзански пазар на електрична енергија. Дава поддршка во оптимизацијата на испораката на електрична енергија и во балансирањето на снабдувањето и побарувачката. Проектот BESS во термоелектраната Марица Исток 3, има добиено речиси 30 милиони поддршка преку Механизмот за опоравок и поддршка на ЕУ.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија