Насловна / Архитектура / Новата ʼрѓосана фасада на градската библиотека во Бриж

Новата ʼрѓосана фасада на градската библиотека во Бриж

Gradska biblioteka Briz
Властите во градот Бриж во Белгија, во 2012 година организирале меѓународен архитектонски конкурс за реновирање и проширување на градската библиотека. Победник на конкурсот било Studio Farris Architect од Антверпен.

Gradska biblioteka Briz1
Архитектите од ова студио успеале да создадат зграда која битно ќе се разликува од другите. Зградата е прекриена со заʼрѓани кортен (Corten) челични панели кои не бараат одржување, па објектот  создава јасен и впечатлив контраст во споредба со опкружувањето.

Gradska biblioteka Briz2
Од друга страна, ентериерот е во потполно бела боја, и има три различни видови на прозорци кои овозможуваат доволно природна светлина. Токму аголните простори за читање, работните простори и приемниот дел од библиотеката се сместени во близина на овие големи прозорци.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top