Насловна / Вести / Нова урбана опрема низ Широк сокак

Нова урбана опрема низ Широк сокак

sirok sokak oprema (3)

Започна поставувањето на нова урбана опрема низ Широк сокак, која подразбира замена на старите метални жардиниери и метални корпи за отпадоци со нови модели кои се изработени од импрегниран пресован гранит и мермер.
Широк сокак е разубавен со нови корпи за отпадоци од кои 25 веќе се поставени, 100 нови жардиниери и околу 10 тона декоративен камен поставен на дрворедот. Сето ова е дизајнирано и реализирано од „Комуналец“.
Оваа инвестиција на јавното комунално претпријатие „Комуналец“ изнесува над еден милион денари.sirok sokak oprema (4)
„Според програмата за јавно зеленило, во голем дел на изворите на финансирање учествува општината, но и граѓаните. Значи сите правни и физички лица преку плаќањето на своите сметки за комунален отпад, инвестираат во уредување и разубавување на јавните зелени површини“, изјави директорот на „Комуналец“ Зоран Соклевски.

Испрати коментар

Scroll To Top