Насловна / Вести / Нова соларна централа во Унгарија, најголема во земјата

Нова соларна централа во Унгарија, најголема во земјата

UNgarija Pecuj solarna centrala

Унгарската компанија MVM Hungarowind, која е дел од енергетскиот концерн во државна соспственост MVM,  ги заврши работите на изградбата на соларната електрична централа во Печуј. Електричната централа има моќност од  10 MW и е најголемата од ваков вид во Унгарија. Вредноста на инвестицијата е 15,8 милиони евра, од кои 13,5 милиони евра се средства обезбедени од Европската Унија. Централата е лоцирана на локацијата на поранешната термоцентрала во Печуј, а со своето работење ќе придонесе за намалување на емисиите на стакленички гасови за 15.000 тони годишно. Сите испитувања се веќе завршени, а со комерцијална работа централата ќе започне веќе кон крајот на месецов.

Испрати коментар

Scroll To Top