Насловна / Вести / Нова ограда на мостот „Слобода“ кај Holiday Inn

Нова ограда на мостот „Слобода“ кај Holiday Inn

most sloboda_1

  Поголем дел од новата ограда на скопскиот мост „Слобода“ е веќе изработена, а нејзиното поставување треба да се реализира во текот на летните месеци. Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски во изјава за медиумите истакнува дека во тек е лиењето на кованата ограда и на канделабрите, за кои пред една и пол година се издвоија 70.173.420 денари или околу 1.150.000 евра. Спорната ограда од ковано железо нема да биде надградена со скулптури по теркот на веќе изградените пешачки мостови од проектот „Скопје 2014“. Овој зафат го реализираат „РЖ Институт“ од Скопје и белградската леарница „Јеремиќ“.

  Стилската ограда се работи врз основа на идејниот проект на авторите Константин Јанев и Маријан Камиловски. Градската власт го потпиша договорот со изведувачите во првата половина од 2012 година, потег што доведе до протест на граѓанските активисти и невладините организации против нерационалното трошење финансиски средства од градската каса. Покрај за кованата ограда, дополнителни финансии се одвоија и за новото осветлување на мостот и за санацијата на тротоарите и неговата носечка конструкција.

most sloboda_2

Испрати коментар

Scroll To Top