Насловна / Арт и дизајн / Нова лускузна супер-јахта со базен со мал водопад!

Нова лускузна супер-јахта со базен со мал водопад!

Во ера на супербогаташи во која тие се натпреваруваат меѓусебно за поуникатно и поскапо, новиот концепт за луксузна јахта сигурно ќе најде фанови кај милионерите.

Новиот модел на луксузна јахта е позната под името CF8, а ја изработија холандски дизајнери.

Јахтата има два ката, а она што ја прави уникатна е фактот што во средината има голема дупка, низ која слободно паѓа вода како од водопад, директно во базенот кој е на декот од првиот кат.super jahta holandija_2

Самата ознака CF8 во превод значи Cars & family, а бројката 8 ја претставува нејзината должина од 262 стапки или 80 метри.

Значи, јахтата е погодна за семејна пловидба и крстосување по Медитеранот а освен ова, во неа може да се транспортираат и автомобили со кои подоцна на копно можат богатите да се возат.super jahta holandija_9

Јахтата има ултра модерен дизајн кој е изработен од Sea Level Yacht Design од градот Муиден во Холандија.

Базенот е импресивно место во кое капењето може да биде вистинско уживање додека се плови по Медитеранот. Внатре има осум кабини за ВИП лица, а интересно е што базенот може да се трансферира во платформа за игра.super jahta holandija_8

Што се однесува до персоналот, оваа јахта може да вклучува 18 члена на екипажот и дополнително кабина за батлер и дадилка. Јахтата содржи кино сала, вежбална и сауна. Оваа јахта има брзина од 18 јазли или околу 20.7 миљи на час (15 километри).super jahta holandija_7 super jahta holandija_6 super jahta holandija_5 super jahta holandija_4 super jahta holandija_3 super jahta holandija_1

Испрати коментар

Scroll To Top