Насловна / Архитектура / Нова креација на Jean Nouvel – Национален музеј на Катар

Нова креација на Jean Nouvel – Национален музеј на Катар

Новите слики од Националниот музеј на Катар, дело на Jean Nouvel, подеднакво ја воодушевуваат и стручната и пошироката јавност, додека изградбата на објектот во Доха продолжува според зацртаната динамика. Се очекува објектот да биде завршен во декември 2018 година. Националниот музеј на Катар има за цел да ја редефинира улогата на културните институции, трансформирајќи го посетителот од набљудувач во учесник. Кога ќе биде завршен, музејот ќе располага со површина од 21.000 метри квадратни, односно ќе има постојани и времени галериски простори, форум со 70 седишта, центар за истражување на културното наследство, лаборатории за конзервација и други содржини.

Централна тема при проектирањето на ова здание била желбата да се направи спојување помеѓу пустината и морето, со конретна инспирација од пустинската роза.

JN Doha 6

Chantier du National Museum of Qatar - architecte Jean Nouvel. Doha, Qatar, mai 2015.

JN Doha 1

JN Doha 4

JN Doha 5

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top