Насловна / Вести / Нова градинка ќе се гради во Бардовци

Нова градинка ќе се гради во Бардовци

gradinka vo bardovci

Советниците на општина Карпош едногласно донесоа одлука за изградба на нова градинка на територијата на Карпош.
Градинката ќе биде дел од училишниот двор во ООУ „Аврам Писевски“ во Бардовци, со што ќе им се помогне на родителите од тоа населено место да бидат згрижени нивните деца и да се социјализираат.
Општина Карпош соопшти дека се исполнети условите за изградба и дека проектот ќе се реализира во наредниот период.
На вчерашната седница е усвоена и одлука за меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и општина Карпош за изградба и одржување на јавно осветлување околу локалитетот Етно Село.
– Инвестирањето во светилки и поставување е во доменот на Градот, а Општината ќе плаќа дел од електричната енергија, со тоа што за возврат очекува туризмот во овој дел од општината да се искачи на повисоко ниво, особено во летните месеци од годината, – информираа од општина Карпош.

Испрати коментар

Scroll To Top