Насловна / Вести / Нова фекална канализација на „Бутелска“

Нова фекална канализација на „Бутелска“

kanalizacija

Во општина Бутел во тек е изградбата на нова фекална канализација на улицата „Бутелска“, поточно на нејзините краци „3“ и „5“ во населбата „Расадник“.
– Вкупната должина со приклучокот на главниот колектор ќе изнесува 500 метри, а цевките се поставуваат на длабочина од четири метри, бидејќи старата канализација што граѓаните си ја правеле сами пред многу години се покажа како плитка, нефункционална и проблематична, велат од општина Бутел.
Оттаму посочуваат дека со изградбата на оваа сосема нова канализација трајно им се решаваат проблемите на граѓаните од месноста „Расадник“.
Изградбата на новата канализација чини два милиона денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Бутел. Изведувач на работите е фирмата „Енергомонт“.

Испрати коментар

Scroll To Top