Насловна / Вести / Нова детска градинка ќе добие општина Ѓорче Петров

Нова детска градинка ќе добие општина Ѓорче Петров

gradinka vo gjorce petrov
Општина Ѓорче Петров почна со адаптација на објектот во дворот на основното училиште „Димитар Поп Беровски“ за детска градинка. На површина од 200 метри квадратни, ќе бидат згрижени околу 50 деца.

Градинката ќе има две големи занимални, две помошни простории и санитарни јазли, а ќе работи во рамки на ЈОУДГ „Росица“ – Ѓорче Петров.

Градежните работи, како што информира општина Ѓорче Петров, предвидено е да завршат кон крајот на август годинава. Средствата ги обезбеди Министерството за образование и наука и општина Ѓорче Петров.

Испрати коментар

Scroll To Top