Насловна / Вести / Нов вид стакло направено од металооргански соедниненија

Нов вид стакло направено од металооргански соедниненија

Стаклото со кое сме највеќе запознаени и највеќе доаѓаме во допир е направено од силициум диоксид, со користење на материјали како што се бор, полимери и метали. Сега, еден меѓународен тим од научници има развиено потполно нова класа на стакло, направено од металооргански соединенија. Овие нови материјали го формираат стаклото полесно од другите видови, и се многу посвитливи.

Новото, металоорганско стакло е направено од цинк и две органски соединенија (имидазолат и бензимидазолат). Материјалот има иста структура како силикатното стакло, и формира облик на пирамида со атом на цинк во средината и четири молекули од органски соединенија кои го опкружуваат. Својот пронајдок истражувачите го нарекле ZIF-62.

180309142357_1_540x360

Една од карактеристиките на стаклото е неговата глатка, некристална структура, што е резултат на внимателното балансирање во текот на производството. Сепак, пред научниците постојат уште предизвици кои треба да се совладаат. Процесот на производство на силикатно стакло се користи со илјадници години, па во оваа рана фаза ZIF-62 тешко дека може да биде конкурентен.

melted-glass-glassmaking_1600

 

За да се направи ново металоорганско стакло, органските соединенија прво треба да се синтетизираат, а потоа да се измешаат со цинк нитрат и растворувач. Потоа, сето тоа се загрева на околу 427°C, доволно долго за целосно да се истопи. „Пронаоѓањето на начин за зголемување на производството е клучниот правец за понатамошна работа, како и добивањето повеќе информации за самото стакло. Досега, истражувачите експериментирале со оптичките и механичките својства на  ZIF-62, но има уште многу работи кои треба да се научат“, велат од тимот.  Дополнителна студија ќе има за задача да испита и други рецептури за добивање на металоорганско стакло, вклучувајќи го и стаклото на база на кобалт. Истражувањето е објавено во научниот часопис „Science Advances“.

Испрати коментар

Scroll To Top