Насловна / Архитектура / Нов современ објект за Турскиот театар во Скопје

Нов современ објект за Турскиот театар во Скопје

nov turski teatar_3_resize
Турскиот театар во Скопје ќе добие нов современ објект, кој во целост ќе ги задоволи функционалните, техничките и естетско-архитектонските критериуми. Новиот објект е проект на Владата на Република Македонија, кој се реализира преку Министерствто за култура и националната установа.nov turski teatar_5_resize nov turski teatar_4_resize
Сместен е во близина на поранешното балетско училиште, и ќе располага со вкупно осум нивоа од кои пет надземни и три подземни. Ќе располага со две сцени со вкупен капацитет од над 450 гледачи. Малата сцена ќе биде со површина од 180 м2 и максимален капацитет на посетители до 150, додека големата сцена во објектот ќе располага со гледалиште со капацитет од 329 седишта. Покрај основната фунцкија на објектот, планирано е во негови рамки да функционира и изложбена галерија, културно-информативен центар и мултимедијална сала.

nov turski teatar_1_resize
Изведувач на работите е градежната компанија „Бетон“, а се очекува за 14 месеци да биде изградена карабината на објектот. Изградбата на карабината ќе чини 248 милиони денари.
Проектот е изработен на основа на првонаграденото конкурсно решение за идејно архитектонско решение на архитектот Виктор Михајлов.

nov turski teatar_2_resize
Турскиот театар почнува да функционира во 1950 година кога е изведена комедијата „Сомнително лице“ во режија на Абдуш Хусеин. Досега овој театар функцонираше во истите простории со Албанскиот театар. Има настапувано на многу сцени низ Европа и светот и добитник е на многу признанија.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top