Насловна / Архитектура / Нов проект на Заха Хадид во Камбоџа

Нов проект на Заха Хадид во Камбоџа

01_Zaha-Hadid-Sleuth-Rith
Архитектонското биро на Заха Хадид неодамна го претстави проектот што се состои од низа испреплетени дрвени згради во Камбоџа, кои како да никнуваат од земјата во вид на малечка шума. Тенките дрвени столбови се прошируваат формирајќи ја фасадата на секоја зграда, а системот од жалузини им овозможува засенчување на погорните нивоа. 07_Zaha-Hadid-Sleuth-RithВо ова здание ќе биде сместен новиот институт „Sleuk Rith“ кој ќе биде сведоштво за геноцидот од седумдесетите години на минатиот век, познат како Камбоџански холокауст. Идејата за изградба на ваква институција потекнува од еден локален активист за човекови права, кој бил жртва на тогашниот режим кога имал 15 години.zaha-hadid-sleuth-rith-cambodia-designboom07 Институтот ќе биде сместен во парк со површина од 68.000 метри квадратни, а почетокот на изградбата е најавен за следната година.5437ed89c07a802a6900000c_zaha-hadid-designs-five-wooden-towers-to-house-cambodian-genocide-institute_sleuk_rith_institute_library_exterior___reflecting-800x1000

Испрати коментар

Scroll To Top