Насловна / Вести / Нов парк ќе ја краси општина Аеродром

Нов парк ќе ја краси општина Аеродром

park aerodrom

Општина Аеродром започна изградба на нов парк од 2.319 метри квадратни спроти „Мајчин дом“ на аголот меѓу улицата „Васко Карангелевски“ и булеварот „Јане Сандански“. Денеска на отпочнувањето на градежните активности присуствуваше градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски.
„Со хортикултурно и партерно уредување на овој простор ќе се создаде пријатно место во него, како и карактеристично одбележување на пошироката околина“, истакна Коневски и додаде дека вредноста на оваа инвестиција е околу 30 милиони денари.
Според градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, Скопје станува сè позелен град, а општината Аеродром е на прво место која придонесува за тоа.
„Сметам дека овој парк придонесува за животната средина во градот Скопје, а од друг аспект граѓаните од општината ќе можат да имаат дополнителни содржини за рекреација и социјализација“, рече Трајановски.
Предвидено е паркот да има пешачки патеки, водни површини, езеро со фонтани и водопади, река и детско игралиште.

Испрати коментар

Scroll To Top