Насловна / Вести / Нов метод за заштита на мермерот од загадениот воздух

Нов метод за заштита на мермерот од загадениот воздух

Истражувачите од Одделот за инженерство на животната средина на Универзитетот Принстон, открија дека соединението хидроксиапатит, кое може да се најде во коските и забите, може да се искористи за заштита на мермерот кој е подложен на пукнатини и други оштетувања како резултат на загадениот воздух и временските услови.загадување_2

„Промените во надворешната температура предизвикуваат пукнатини кои под дејство на загадувањето и врнежите се прошируваат. Но, откривме дека мермерот природно реагира со воден раствор на фосфатни соли креирајќи хидроксиапатит, со што се исполнуваат и санираат пукнатините“, вели Енрико Сасони кој е раководител на проектот.загадување_4

Оваа супстанца е нетоксична, лесно се нанесува, не ја менува бојата на мермерот а ефектот е видлив по 24 часа од аплицирањето. Во соработка со реставраторите, овој метод се очекува прелиминарно да се тестира кај скулптурите во Версај.загадување_1 загадување_3

Извор: Arch Daily

Испрати коментар

Scroll To Top