Насловна / Арт и дизајн / Нов изглед на кафе-барот во музејот „Пеги Гугенхајм“ во Венеција

Нов изглед на кафе-барот во музејот „Пеги Гугенхајм“ во Венеција

peggycafe1

Преуреден е кафе-барот на музејот „Пеги Гугенхајм“ во Венеција, кој е сместен длабоко во дворот на внатрешноста на палатата Venier dei Leoni. Оваа палата, три децении била дом на славната американска колекционерка на уметнички дела Пеги Гугенхајм, а по нејзината смрт зградата од 18 век со поглед на Canal Grande е претворена во музеј „Пеги Гугенхајм“.

peggycafe6
Сместен во рамките на затворениот двор, на спротивната страна од изложбената сала на музејот, кафе-барот имаше „незгоден“ пристап, заради што и се започна со негова реконструкција за да се добие хомогена целина на целото здание. Тимот на Hangar Design Group ги задржа светлите бои во ентериерот, кои се во фин контраст со темнозелените челични греди и прозорци. Оригиналното осветлување е изработено според нацртите на студиото во фабриката за стакло Vistosi, а мермерните ѕидови се украсени со црно-бели фотографии на Пеги Гугенхајм.peggycafe5 peggycafe4 peggycafe3 peggycafe2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top