Насловна / Вести / Нов дизајн на авионски крила за помала потрошувачка на гориво до 50%

Нов дизајн на авионски крила за помала потрошувачка на гориво до 50%

nov-dizajn-na-avionski-krila

Дизајнот на авионските крила е постојан процес низ кој инженерите меѓудругото се обидуваат да ја намалат нивната маса со истовремено задржување на квалитетот на нивните основни функции неопходни за извршување на безбеден и сигурен лет.

 

nov-dizajn-na-avionski-krila1Помала маса, значи помала потрошувачка на гориво. Иако се чини дека денес постигнат е максимумот во поглед на аеродинамичкиот дизајн и материјалите кои с еупотребуваат (титаниумови легури, јаглеродни влакна), сепак инженерите од  NASA  и Boeing, се на прагот на револуционерно откритие, односно дополнително намалување на масата која ќе резултира со намалување на потрошувачката на гориво до 50% и исто толкаво намалување на емисиите на штетни гасови.

Braced Wing model in the TDT.

Ако се има предвид дека денес масата на крило од Boeing 747 е 43.090 килограми, односно вкупно околу 90.000 килограми за двете крила, тоа е сериозен удел во вкупната маса на овој тип авион од 184.567 килограми. Јасно е дека дури и мал процент на намалување на масата на крилата ќе допринесе за сериозни енергетски заштеди.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top