Насловна / Вести / Нов асфалт, кој се очекува да направи револуција (Видео)

Нов асфалт, кој се очекува да направи револуција (Видео)

Crack on line yellow on road textured

И покрај многуте обиди да биде заменет со поприкладен материјал, сепак асфалтот и натаму останува најдобар и нејефтин материјал за асфалтирање на патишта. Осетливи на топлина, мраз, УВ зраци  и механички удари, асфалтните патишта имаат релативно краток животен век, барајќи многу поправки во редовни временски интервали. Но, швајцарски инженери велат дека нашле формула за асфалт кој сам може да се поправа. Тие тврдат дека поправките би биле многу побрзи доколу се работи за сосема ситни пукнатини потесни од еден милиметар. Тогаш асфалтот ќе може да трае и два пати подолго. Решението е имено во асфалт со јак врзивен материјал (наночестички измешани со битумен) кој под дејство на топлина (доволна за да се втечни врзивниот материјал) за кратко време ќе доведе до санирање на пукнатините. Овој начин на санација значително ќе го скрати и времето на застој на сообраќајот поради извршување на работите во споредба со класичните постапки.

Видео:

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top