Насловна / Вести / Нов алгоритам за рангирање на „најзелените“ градови во светот

Нов алгоритам за рангирање на „најзелените“ градови во светот

Постојат различни методи за да се утврди колку е „зелен“ еден град. Неодамна, тимот од истражувачи од престижниот Универзитет МИТ од САД, развиле нов метод кој ја оценува оваа карактеристика на градовите од перспектива на пешаците. Имено, фотографиите од Google Street View се процесираат во алгоритам кој го пресметува процентот кај секоја слика кој отпаѓа на зеленило, дрвја и сл. Податоците се агрегираат во т.н Green View Index (GVI). Повисока вредност на овој индекс значи “позелен“ град.

Singapore

MIT research

Меѓу досега анализираните градови преку овој метод, прв е Сингапур со вредност на GVI од 29.3%, кој е во благо водство пред Сиднеј и Ванкувер.  Меѓу првите десет на оваа листа се наоѓаат три градови од Европа: Франкфурт, Женева и Амстердам, кои се рангирани на шесто, седмо и осмо место соодветно.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top