Насловна / Арт и дизајн / Носталгични слики од минатото

Носталгични слики од минатото

макети од улици_09

Овие неверојатни фотографии на американските градови од педесеттите години на 20 век изгледаат толку стварно, што лесно можете да си замислите како одите по овие улици. Но, овие улици и овие градови никогаш не постоеле.

Овие носталгични слики од минатото, всушност, се макети на измислениот град Елгин Парк.

макети од улици_01 макети од улици_02

Автор на овие модели и фотографии е поранешниот маркетиншки експерт Мајкл Пол Смит од Бостон, кого животните околности го принудиле на 33 години да ја напушти успешната кариера.

Мајкл, всушност, доживеал срцев удар, по што тој одлучил да излезе од стресната професионална трка и се посветил на својата скриена страст.

макети од улици_04 макети од улици_05

Креирањето на макети од предмети за домаќинство или од кутии цигари, отсекогаш било негово хоби.

Денес, како 60-годишен, толку ја усовршил вештината, што неговите модели на овие фотографии е речиси невозможно да се разликуваат од сликите на вистинските градови од тоа време.

макети од улици_07 макети од улици_06 макети од улици_08 макети од улици_10 макети од улици_01

Еден коментар

  1. ова многу ми се допаѓа и сакам усте

Испрати коментар

Scroll To Top