Насловна / Арт и дизајн / Њујорк ја отстранува статуата на поранешниот претседател Теодор Рузвелт

Њујорк ја отстранува статуата на поранешниот претседател Теодор Рузвелт

Градот Њујорк објави дека ќе ја отстрани статуата на 26-тиот претседател на САД, Теодор Рузвелт од Менхетен, поради неговите колонијалистички и расистички ставови, на што жестоко се спротивставува актуелниот претседател Доналд Трамп.

2_resize

Оваа одлука е донесена во време кога САД, по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, го преиспитуваат прашањето за расизмот и повторно ја отвораат дебатата за спомениците од ропското наследство.

Бронзената статуа го претставува гувернерот на државата Њујорк, пред да стане претседател на САД, „Теди” Рузвелт на коњ, со Афроамериканец и Индијанец кои се покрај него. Статуата 80 години стои пред Музејот на природна историја.

1

Градот Њујорк позитивно одговорил на барањето на музејот да се отстрани статуата, која „изричито ги претставува црнците и Индијанците како потчинети и расно инфериорни”, саоопштил градоначеалникот Бил де Блазио.

Како што се потесетува на веб страната на музејот, Теди Рузвелт на почетокот на 20. Век се сметал за прогресивен заштитник на животната средина, но исто така ги бранел и расистичките мислења.

3_resize

Еден од потомците, Теодор Рузвелт Четврти, изјавил дека ја подржува оваа одлука.

„Композицијата на статуата не го претставува наследството на Теодор Рузвелт. Време е таа статуа да се отстрани и да се оди понатамо“, објаснил тој.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше оваа одлука, нарекувајќи ја „смешна“. „Не го правете тоа!“, напишал Трамп на Твитер.

4_resize

Испрати коментар

Scroll To Top