Насловна / Архитектура / Nippon Moon – најголемo панорамско тркало во светот

Nippon Moon – најголемo панорамско тркало во светот

nipon moon_5_resize
Јапонскиот проект на големо панорамско тркало Nippon Moon, кој ќе биде изграден во Јапонија, се наоѓа во финална фаза на утврдување на локацијата и буџетот за изградба. Освен титулата за значаен туристички објект, панорамското тркало автоматски ќе добиe и почесен статус на највисока конструкција од овој вид во светот, и која лесно ќе ги надмине London Eye, Singapore Flyer и High Roller во Лас Вегас. Со висина од 250 метри , ќе се состои од главен пилон, кој ќе ја држи конструкцијата на тркалото со 32 кабини, а комплетниот круг на едно вртење ќе трае 40 минути.nipon moon_1_resize nipon moon_2_resize
Специјалната апликација за паметни телефони на посетителите ќе им овозможи во кабините да комуницираат меѓусебно, и ќе има визуелно објаснување како објектот ротира и функционира. Креаторите на апликацијата смислиле и начин како да се избегнат гужвите и непотребните редови, бидејќи апликацијата ќе го покажува точното време за следно тргнување и ќе го известува корисникот кога ќе може да се упати кон својата кабина.nipon moon_3_resize nipon moon_4_resize

Испрати коментар

Scroll To Top