Насловна / Вести / Nike планира да продава половни патики

Nike планира да продава половни патики

Во настојување да ги намали количините на отпад, компанијата „Nike“ започнала со продажба на половни патики во некои свои објекти. Иницијативата покрената неодамна подразбира дека одредени продавници ќе прифаќаат малку носени патики со производни грешки, ќе ги чистат и дезинфицираат и потоа ќе ги продаваат по ниски цени. Американската компанија соопштила дека моментално продава носени патики во осум продавници во САД, но планира до крајот на април акцијата да ја прошири на уште 15 објекти, а потоа и надвор од САД.

nike1

Одржливиот развој е се повеќе во фокусот на големите производители на спортска опрема и модната индустрија, како еден од најголемите загадувачи на планетата. Големите брендови се натпреваруваат да се покажат како борци против климатските промени. Минатата година Adidas и Allbirds соопштија дека здружено ќе работат на создавање на поиздржливи патики со минимално негативно влијание врз животната среидна. Од друга страна, Nike цели кон намалување на емисиите на стакленички гасови за 70%.

nike2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top