Насловна / Арт и дизајн / Необични „чувари“ на велосипеди по улиците на Белград

Необични „чувари“ на велосипеди по улиците на Белград

cuvari na velisopedisti_2

Белградскиот конкурс „Држач за велосипеди“ привлече иновативни и функционални решенија, како можност за паркирање на омиленото летно превозно средство.
Здруженијата „Цикло, свет, Србија“, „Улици и за велосипедисти“ и фестивалот Миксер објавија конкурс „Држач за велосипеди“ со идеја улиците на Белград да станат поприспособливи за велосипедистите, за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и посетителите на Белград и воопшто да се популаризира велосипедизмот, но и да се овозможи ефикасно паркирање на ова превозно средство.

Експертското жири го избра победничкото решение, „Чувари“ на авторите Јасна Дракуловиќ и Катарина Живковиќ, кое ќе биде поставено во Савамала, во двориштето на Mikser House. cuvari na velisopedisti_1
Решението „Чувари“ со дизајнот најдобро се вклопува во градскиот пејзаж, а покрај својата функционалност, претставува и еден вид на скулптура.

Испрати коментар

Scroll To Top