Насловна / Арт и дизајн / Необична уметничка трансформација на зграда во Полска

Необична уметничка трансформација на зграда во Полска

Американскиот интердисциплинарен уметник Кристал Вагнер, трансформира зграда во полскиот град Лоѓ. Се работи за инсталација наречена Hyperbolic, која се појави на челото на објектот, а која со својата атрактивна форма и боја привлекува големо внимание. Инсталацијата е дел од меѓународниот проект UNIQA Art Łódź, а куратор на проектот е Michał Bieżyński.logj-instalacija-8

Самата инсталација е направена од комбинација на жици, кабли и најлон. „Јас сум многу заинтересиран за воспоставување на дијалог помеѓу архитектурата и органските форми и структури кои се наоѓаат во природата“, објасни накратко Вагнер.logj-instalacija-7

„Вагнер на некој начин го презел просторот. Сакал да се создаде впечаток на ‘проголтување’ со различни елементи во контекст на архитектурата и инфраструктурата. Во своето дело најчесто се користи со секојдневен текстил и синтетички материјали за изработка на аморфна и органска структура“, вели кураторот. Ова предимензионирано дело, имплентирано во прозорците и балконите, нагласено е со розови, виолетови и сини боја.logj-instalacija-4 logj-instalacija-5 logj-instalacija-6 logj-instalacija-1 logj-instalacija-2 logj-instalacija-3 logj-instalacija-9

Испрати коментар

Scroll To Top