Основан во 1975 година, а денес со повеќе од 300 вработени од кои преку 160 инженери, „ГИМ“ е уште една сериозна и успешна македонска приказна во регионот на Југоисточна Европа која обележа 50 години од своето постоење. Со експертиза во контрола на квалитет на градежните материјали, проектирање, надзор, како и геотехника, ГИМ го докажува успехот на градежната професија во Македонија.
На 28.04.2025 во Скопје, во х.Александар Палас беше одржана свеченост по тој повод.
ГИМ претставува уникатен бренд кој нуди широк опсег на услуги и обезбедува изнаоѓање на комплексни решенија за најсложени проекти во градежништвото: консалтинг во сите фази на проектите (изработка и ревизија на студии, урбанистички планови, проекти, тендери, извештаи, елаборати), надзор и контрола на квалитет при изградба, проектен менаџмент и инженеринг, лабораториска контрола на квалитет на градежни работи и материјали, сертификација на градежни производи, изведба на геолошки, хидрогеолошки и геотехнички истражни работи, изведба на сложени специјалистички работи во градежништвото.
- Комерцијален текст