Насловна / Арт и дизајн / Неизвесна судбината на замокот „Монте-Кристо“

Неизвесна судбината на замокот „Монте-Кристо“

monte kristo zamok (7)

Познатиот замок „Монте-Кристо“ во Франција, некогашен дом на познатиот писател Александар Дима, автор на „Тројцата мускетари“, чека да биде спасен од забот на времето.

Речиси милион евра се потребни за негова реставрација, вели директорот на замокот за The Local.monte kristo zamok (2)

Замокот што се наоѓа на северот на Франција се распаѓа, а за негова санација потребни се 921.000 евра.

Општинската асоцијација што раководи со замокот бара јавен придонес за да се помогне реставрацијата. Ако обезбедат пет отсто од парите потребни за реставрација, останатите ќе може да ги добијат од националната фондација за културно наследство.monte kristo zamok

„Императив ни е овој архитектонски бисер да го сочуваме за следните генерации“, вели директорката на замокот Фредерика Лурол. „Не смееме да дозволиме да падне заради неговата старост. Замокот е креиран од Александар Дима. Тој е еден од најпознатите француски автори и сè уште е читан низ светот“.

Таа смета дека, иако замокот можеби не може да се спореди со оние во Версај, сепак треба да се сочува како француско културно наследство.monte kristo zamok (5)

Откако семејството Дима се збогатило од литературните успеси, Александар наредил да се изгради замокот во Порт-Марли во 1844 година и го именувал според една од своите најпопуларни новели, „Грофот Монте-Кристо“.

monte kristo zamok

Замокот на три ката во неоренесансен стил, Дима го нарекол „Рај на Земјата“.

Малата куќа во која Дима работел, исто така бара комплетна санација. Таа е наречена замок Д`Иф, според затворот во кој Едмонд Данте, херојот од „Грофот Монте-Кристо“, поминал шест години.monte kristo zamok (4) monte kristo zamok (3) monte kristo zamok (6) monte kristo zamok (8) Dumas house garden

Според Лурол, околу замокот треба да се направи нов дренажен систем, кој ќе го заштити од понатамошно пропаѓање. И на прозорците им треба замена.

До сега, во фондот се собрани само 3.000 евра, а собирањето пари тече бавно.

Испрати коментар

Scroll To Top