Насловна / Вести / Научниците произведоа 100% рециклирачка пластика

Научниците произведоа 100% рециклирачка пластика

Zelena hemija plakat

Секоја година се произведува повеќе од 270 милиони тони пластика, од кои 18 милиони завршуваат во океаните и придонесуваат за сè поголемото загадување. Научниците од САД сега развија вид пластика која може да се загрева и потоа да се врати во својата оргинална молекуларна состојба. Пластиката е биоразградлива и може целосно да се рециклира, што значи дека може целосно да го смени начинот на којшто ја користиме пластиката денес.

Истражувачите од Државниот универзитет во Колорадо го развиле овој полимер користејќи мономер наречен гама-бутиролактон (ГБЛ), кој се наоѓа во растворите за чистење и во отстранувачите на лепило. Она што е извонредно кај оваа пластика, наречена поли (ГБЛ), е тоа што треба да се загрева од 220 до 300 степени Целзиусови во рок од еден час, за повторно да се претвори во ГБЛ. Откако ќе се врати во оваа форма, процесот на полимеризација може повторно да започне. Истражувањето е објавено во „Nature Chemistry“. Двајцата истражувачи најзаслужни за ова откритие, Chen и Hong се наградени со престижната награда „Presidential Green Chemistry Challenge Award“ во ноември 2015-та.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top