Насловна / Вести / Научниците предупредуваат: Замената на фосилните горива со дрва е „лажно решение“ за климата

Научниците предупредуваат: Замената на фосилните горива со дрва е „лажно решение“ за климата

Повеќе од 500 научници од целиот свет, упатија писмо до лидерите на Европската унија, САД, Јапонија и Јужна Кореја, во кое повикуваат биомасата повеќе да не се третира како климатски неутрален енергент и да се престане со субвенционирањето на согорувањето на дрва за производство на енергија. Преминот од фосилни горива на дрвна биомаса во производството на енергија е „лажно решение“ кое го отежнува постигнувањето на климатските цели и му штети на биодиверзитетот, предупредуваат научниците во писмото.

biomass1

Огромниот раст во сечата на дрвја заради производство на енергија, кој е забележан во последните години, речиси во целост е резултат на државните субвенции во Европа, Северна Америка и Источна Азија, а политичките лидери можат да ја запрат оваа пракса, и да ја свртат ситуацијата во корист на заштитата на биодиверзитетот и климата. Што се однесува до ЕУ, потписниците на писмото сметаат дека таа треба да престане да го третира согорувањето на биомасата како климатски неутрална активност во рамките на своите еколошки стандарди и системот за тргување со емисии. Благодарение на државните субвенции, компаниите ги заменуваат фосилните горива со дрво, гто го интензивира глобалното затоплување. Еу годишно издвојува 7 милијарди евра субвенции за согорување на дрвна биомаса, што доведе до скок на употребата нa пелетите од 17 милиони тони во 2013 година, на 26 милиони тони во 2018 година. Доколку ништо не се преземе, постои страхување дека овој огромен раст уште повеќе ќе се интензивира, вели еден од потписниците на писмото, професорот Jean-Pascal van Ypersele, поранешен потпретседател на Меѓувладиниот панел за климатските промени  (Intergovernmental Panel on Climate Change – IPCC).

Обновата на шумите и напуштањето на фосилните горива можеби и можат на крајот на доведат до компензирање на емисиите предизвикани од сечата, но научниците во писмото предупредуваат дека обновата на шумите бара време кое светот веќе го нема ако сака да се избори со климатската криза.

biomass2

biomass3

Испрати коментар

Scroll To Top