Насловна / Вести / Настан за Гинис: Најголема парада на електрични автомобили во светот

Настан за Гинис: Најголема парада на електрични автомобили во светот

Parada na elektricni vozila1

Познато е дека Холандија е една од земјите која предничи во однос на популарноста и користењето на електричните автомобили. Токму затоа, воопшто не изненадува фактот што во оваа земја е одржан еден од најголемите собири на електрични автомобили на светот.

Parada na e-vozila

Иако претставниците од Гинисовата книга на рекорди допрва треба да потврдат дали овој настан е официјално најголемо собирање на електрични автомобили на едно место, организаторите веќе соопштија дека на парадата одржана на автопатот од Хелмонд до Ајндховен учествувале 746 електрични автомобили и други возила на електричен погон.

Parada na elektricni vozila

Меѓу автомобилите најзастапени биле моделите Tesla, Nissan Leaf, и Renault Zoe, но во значаен број биле и моделите BMW i3, како и повеќе модели на Volkswagen. Должината на колоната достигнала 3,6 километри. Претходното рекордно собирање на електрични возила било одржано во Берлин во мај 2015 година, а учествувале 577 електрични возила.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top