Насловна / Вести / Напредуваат градежните работи на Албанскиот и на Турскиот театар

Напредуваат градежните работи на Албанскиот и на Турскиот театар

Успешно реализирани првите фази од реконструкцијата на Албанскиот театар и од изградбата на Турскиот театар во Скопје.

Директорот на Албански театар Адем Карага информираше дека се завршени околу 50 проценти од работата на објектот кој е со површина од 4.300 метри квадратни и ќе поседува две театарски сали со капацитет од 260 и 105 седишта, опремени со високи сценски технологии и современа аудиовизуелна опрема.nov-turski-teatar

За целосната реконструкција на театарот од буџетот на Министерството за култура се издвоени осум милиони евра и се очекува работите да завршат до крајот на годината.

Новиот објект на Турскиот театар ќе има корисна површина од 10.000 метри квадратни и две сали со 340 и 120 седишта. Изградбата на карабина на објектот е завршена и чини 4,5 милиони евра, средства обезбедени од буџетот на Министерството за култура, додека во следната фаза на градба треба да се вклучи Република Турција.

Директорот на Турскиот театар Наџи Шабан нагласи дека за три години Турскиот театар слави 70 години и очекува до тогаш да влезат со претстава во новиот театар.

Албанскиот и Турскиот театар привремено се преселени во Театар комедија.

Испрати коментар

Scroll To Top