Насловна / Вести / Намалувањето на емисиите на нула, би ја чинело Полска 900 милијарди евра

Намалувањето на емисиите на нула, би ја чинело Полска 900 милијарди евра

Полска смета дека достигнување на „нула емисија“ е нереална цел. Имено, намалувањето на емисиите на нула би ја чинело земјата помеѓу 700 и 900 милијарди евра, рекол министерот за енергетика Krzysztof Tchorzewski на почетокот од октомври. „Се разбира овие трошоци би биле распределени во текот на годините. Но, оваа цел ја сметам за фантазија, бидејќи воопшто не е реално Полска да достигне нула емисија до 2050 година“ изјавил Tchorzewski, според извештајот на полската државна новинска агенција. Францускиот претседател Макрон, ја критикуваше Полска поради големата зависност од јагленот.

Токму поради Полска, заедно со Унгарија и Чешка, амбициозниот план за намалување на емисиите до нула емисии во 2050, не успеа да стане задолжителен како законско решение. Полска декларативно не е против нултата емисија. Но, како што истакнува премиерот Morawiecki, на Полска и е потребен голем пакет на надоместоци за индустријата, во замена за оваа определба во врска со климатските промени. „Полка сака да ја стигне Европа, но не по цена да пропадне“ истакнал премиерот.

Инаку Полска се потпира на јагленот со над 60% учество во енергетскиот микс, а домаќин е на најголемата термоцентрала на јаглен во Европа со инсталирани 5.000MW (Bełchatow)

poland_emission1

poland_emission2

Outdated Coal Plant NiederauBem With Stop Sign

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top