Насловна / Вести / Најзагадениот град во светот има 372 ПМ10, Скопје има 600

Најзагадениот град во светот има 372 ПМ10, Скопје има 600

rsz_svadba-skopje
Мерењата во Скопје покажуваат дека во декември во неговиот воздух имало просечна концентрација на ПМ10 од 600, а понекогаш таа бројка достигнува и до 1.000, што е повеќе од загаденоста на официјално најзагадениот град во светот, Ахваз во Иран. Скопје го нема на списокот на СЗО, но во споредба со најзагадените градови во светот кои се објавени на овој список, главниот град на републикава го носи водечкото место.
Ахваз е мал но индустриски град и ги надминува озлогласено загадените градови како Њу Делхи или Пекинг, со 372 дела на милион честички помали од 10 микрометри (ПМ10). Животниот век во градот со 1.200.000 жители е најмал во Иран. Како што покажува табелата погоре, градовите со најлош воздух често не се главните градови, туку провинциски места со големи индустриски капацитети во нив или во нивна близина.
Изложеноста на загадување на воздухот се влошува во некои делови на светот, особено во индустријализираните земји, според СЗО. Главната најава на СЗО во октомври беше дека ја вклучила надворешната загаденост на воздухот на својот список на светски познати карциногени – додаток што, се надева организацијата, ќе ги натера владите да сторат нешто околу тоа. Загаденоста на воздухот е најлошиот карциноген во светот и е поопасна, на пример, од пасивното пушење, рече светското здравствено тело.

Еден коментар

  1. Нисправните и старите автомобили на ДИЗЕЛ во Развиениот Свет се препознаени како најголеми загадувачи (особено со ПМ10), со чие поправање и повлекување се прави најефикасно намалување на загадувањето.
    Владата да се насочи кон причините за фанатичното противење да се применуваат Законските обврски за контрола на издувните гасови на возилата и кој е надлежен Законите да се спроведуваат, а кој е моќен “Правилникот за технички преглед“ предложен и потпишан од Министерт на МВР, донесен од Собранието на РМ, во тој дел да го стави вон сила (Сл.Весник на РМ 81 од 17.06.2010)

Испрати коментар

Scroll To Top