Насловна / Вести / Највисоката катедрала во светот би можела да се урне бидејќи мажи постојано уринираат по неа

Највисоката катедрала во светот би можела да се урне бидејќи мажи постојано уринираат по неа

Голем број мажи продолжуваат да уринираат по највисоката светска катедрала во Улм, Германија. Уринирањето продолжува и покрај воведените забрани, со што се доведува во опасност самиот објект, предупредуваат градските власти.

Проблемот со мажите кои ги мрзи да најдат тоалет па наместо тоа уринираат по катедралата не е нов, но ситуацијата излегува од контрола бидејќи киселините и солите од урината ги нагризуваат ѕидовите на катедралата.ulm-cathedral-ulm-germany

Штетата што се предизвикува ја поништува реставрацијата на историскиот објект, а неодамнешните потези со кои казната за уринирање е зголемена од 50 на 100 евра не се покажале како успешни. Напротив, иако уринирањето продолжува, досега не е напишана ниедна казна.

„Го набљудувам сето ова веќе година и пол, и гледам дека е прекриена со урина“, вели Михаел Хилберт, претседател на агенцијата Минстербау која е задолжена за зачувување на катедралата висока 161 метар.

Проблемот, според Хилберт, е тоа што во близина на црквата се одржуваат премногу фестивали чии организатори не обезбедуваат доволен број тоалети.

Испрати коментар

Scroll To Top