Насловна / Вести / Најстарото дрво во Европа има 1230 години

Најстарото дрво во Европа има 1230 години

Дрвото кое е пронајдено во јужниот дел на Италија, во Националниот парк Pollino, старо е 1230 години, и официјално е окарактеризирано како настарото дрво во Европа, пишува National Geographic.
Изненадувачки е фактот што овој древен бор е сеуште жив, а истражувањата кои неодамна се објавени во списанието Ecology покажуваат дека дрвото дури и добило во височина во последните децении.
Ова откритие покажува дека одредени стебла можат да преживеат со векови, дури и во услови на екстремни промени на климата.
Maxime Cailleret  од Швајцарскиот сојузен институт за истражување на шумите, вели дека анализата за развојот на стеблото низ периодите со различни климатски услови, ќе им помогне на научниците да пронајдат начин за одговор на шумите во однос на модерните промени во климата.

oldest tree 3
oldest tree 2
oldest tree

Испрати коментар

Scroll To Top