Насловна / Архитектура / Најскапиот стадион – протекува

Најскапиот стадион – протекува

brazil futbal stadioni_3_resize
Бразил, организаторот на ФИФА Светското првенство во 2014 година, и натаму има огромни проблеми со изградбата на стадионите.
Имено, во Бразилија каде што се наоѓа Националниот стадион ‘Mane Garrincha’ – најскапиот од 12-те стадиони на коишто ќе се играат натпреварите на Светското првенство, покривот и натаму протекува, така што за време на натпреварот на женските селекции на Бразил и Чиле , целиот долен прстен на стадионот бил поплавен.

Stadion Mane Brasilien
„Поради големината и комплексноста на објектот, негови поединечни делови и натаму сè уште се испитуваат и поправаат. Стадионот има петгодишна гаранција и сите дополнителни трошоци ќе бидат покриени“, соопштиле од агенцијата SECOP, која управува со стадионот.
‘Mane Garrincha’ е инаку сосема нов стадион, чијашто изградба чинела 508 милиони  долари. Стадионот прима 73.000 гледачи , а на него ќе бидат одиграни шест натпревари за време на Светското првенство.

brazil futbal stadioni_2
Од 12-те стадиони на коишто ќе се играат натпреварите, шест сè уште не се завршени. Најлоша е ситуацијата во ‘Arena de Sau Paulo’ во Сао Паоло, каде што пред неколку дена се срушил кранот, кој усмртил две лица.

Испрати коментар

Scroll To Top