Насловна / Вести / Најнова студија покажува дека преминот од јаглен и нафта на гас, ги забрзува климатските промени

Најнова студија покажува дека преминот од јаглен и нафта на гас, ги забрзува климатските промени

„Преминот од јаглен и нафта на природен гас го интензивира ефектот на стаклена градина од секторот енергетика за околу 40%“. Ова е заклучокот од новата студија која ја објави германската Energy Watch Group (EWG), кој го руши митот за гасот како климатски преодно решение кон одржлив енергетски сектор. Ваквата констатација се базира на високата емисија на метан во фазата на снабдување со природен гас, со што се поништува придобивката од пониски емисии на јаглерод диоксид на ова гориво во фазата на согорување.

EW3

Авторите на студијата велат дека политичарите треба да ги направат следните чекори со цел воспоставување на одржлив енергетски систем:

- веднаш да се укинат сите субвенции за фосилни горива

- имплементирање на обновливи извори во сите области каде тоа е изводливо

Hydrogen filling station in Saxony-Anhalt

Со оглед дека енергетската транзиција на 100% обновливи извори на енергија, би ги редуцирала емисиите на стакленички гасови за 55%, ова треба да биде клучната мерка за заштита на климата. Студијата укажува и на фактот дека на фосилните горива не им е местото во идниот енергетски систем, и ги повикува политичарите да го разоткријат лажниот мит за природниот гас.

EW1

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top