Насловна / Екологија / Најголемиот океан се наоѓа под површината на Земјата?!

Најголемиот океан се наоѓа под површината на Земјата?!

152692822
По неколку децении на истражувањa, научниците откриле дека под површината на Земјата се крие голема количина на вода, три пати повеќе од сегашната количина во сите океани. Ова драстично би можело да го промени начинот на кој гледаме на нашата планета, нејзиното потекло, како и целиот свет околу себе.

Најновото истражување, чии резултати беа објавени на 13 јуни во списанието „Наука“, покажува дека на 660 километри под земјата се наоѓаат големи количини на минералот рингвудит кој во себе содржи вода, пренесува „Гардијан“.

Ова би можело да значи дека целата вода на нашата планета доаѓа од внатре и дека на површина избива поради геолошката активност на планетата, а не како што претходно се мислело, дека е „производ“ на топењето на мразот под зголемените температури, вели геофизичарот Стивен Јакобсен, еден од авторите на истражувањето (Northwestern University).

Испрати коментар

Scroll To Top