Насловна / Вести / Најголеми штети во авиосообраќајот трпи Кина

Најголеми штети во авиосообраќајот трпи Кина

Меѓународното здружение за воздушен сообраќај (IATA), објави нова проценка на загубите во оваа индустрија за годинава. Проценката на загубите е три пати поголема во однос на минатата година.  Според претходната проценка, објавена пред три недели, глобалните загуби во авиоиндустријата би изнесувале околу 30 милијарди долари, додека загубите според најновата проценка изнесуваат помеѓу 63 и 113 милијарди долари, поради тешката криза предизвикана од корона вирусот.

Највеќе е погоден азиско-пацифичкиот регион, во кој загубите за оваа година можат да достигнат и до 58 милијарди долари, а ги вклучува пазарите на Кина, Австралија, сингапур, Јапонија и Јужна Кореја, со пад во прометот од 23%. Се истакнува дека само Кина би изгубила 22 милијарди долари. Во оваа земја погодени се сите авио превозници, а највеќе Hainan Airlines. Lufthansa поради бројните откажувања на летовите кон Азија, приземјила 150 од своите авиони, односно 20% од својата флота. Американскиот United Airlines,  исто така значително го намалил меѓународниот сообраќај, додека British Airways соопштува дека само во месец септември биле откажани 216 летови кон дестинации во Америка и Европа, не сметајќи ги претходните откажувања кон Азија.

iata1

iata2

iata3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top